Екипата на Наполи ја продолжува одбраната на трофејот кој го освои минатата сезона и е последниот полуфиналист во Купот на Италија откако со 4:2 ја совлада Специја.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде во првиот тим на Наполи кој сите дилеми ги реши во првото полувреме, и успеа да се запише во листата на стрелци.
Гол серијата ја отвори Кулибали по само пет минути игра, Ирвинг Лозано зголеми на 2:0, Марко Политано во 30. минута повторно го зголеми водството, а одличното прво полувреме за Наполи го заокружи токму Елмас со гол во 40. минута.
Во второто полувреме, фудбалерите на Наполи се опуштија и му дозволија на противникот да постигне два гола.
Елмас на теренот помина 69. минути по што беше заменет од Осимен. Противник на Наполи во полуфиналето ќе биде екипата на Аталанта.