Украина денеска ја прослави првата годишнина од ослободувањето на Херсон, „градот синоним за надеж“, на датумот што го означува и почетокот на амбициозната контраофанзива што Киев ја започна против непробојната одбрана на Русија.
На 11 ноември 2022 година, украинските сили ставија крај на осуммесечната руска окупација на овој голем град во јужна Украина.
Покрај тоа што беше одлична вест за Киев, таа беше и симболична – Херсон беше првиот голем град и единствениот регионален главен град што падна во рацете на Русите на почетокот на нивната инвазија на Украина, започната во февруари 2022 година. Денеска, украинскиот претседател Володимир Зеленски оддаде почит на „ градот синоним за надеж“ и го пофали неговото „херојство“.
„Денеска одбележуваме една од годишнините што ја зајакнува довербата на Украинците во своите способности“, рече тој во видеото објавено на неговиот канал на Телеграм.
„Оваа година Русија ни се одмазди за ослободувањето на Херсон и нашите други градови што ги ослободивме. Се соочуваме со секојдневни бомбардирања“, рече Зеленски, додавајќи дека во текот на изминатата ноќ врз Украина биле истрелани речиси 40 проектили од беспилотни летала.
Во тој јужен украински град сега живеат само околу 60.000 луѓе, во страв од речиси секојдневните руски бомбардирања, во споредба со 300.000 пред војната.
🇺🇦 One year ago, on November 11, 2022, the AFU liberated Kherson from the occupants.
I remember that day well and those strong emotions. That joy!
Congratulations on its anniversary to the Hero City, its residents, and our soldiers who liberated the city.
Glory to Ukraine!… pic.twitter.com/eVcarSLKLj
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 11, 2023
Сепак, и една година по славењето на победата во Херсон, украинските сили не можат да ги прослават другите победи бидејќи украинската контраофанзива, започната во јуни, не го даде очекуваниот напредок.
Врховниот командант на украинската армија Валериј Залужни денеска потсети дека неговите војници продолжуваат да се борат и решително да ја бранат својата земја и вели дека е „убеден дека заедно ќе победиме“.
Во почетокот на ноември, врховниот командант предизвика контроверзии кога изјави дека војната е „во ќорсокак“, тврдење кое и Володимир Зеленски и Кремљ категорично го отфрлија.