Eден семафор на раскрсница во областа „Worli Sea Face“ во Мумбаи е поинаков од сите во светот.

Станува збор за LED светла поставени на самиот столб, кои светат со иста боја како и светлото на самиот семафор.

Иако станува збор за пилот проект, во индискиот град Мумбаи е поставен семафор кој возачите ќе го забележат дури и од поголема оддалеченост, а кој ќе им помогне и на мотоциклистите порано да го видат светлото во лоши временски услови.

Со подобрување на видливоста на семафорите и зголемување на осветлената површина на раскрсниците и патиштата, покрај функционалната предност, доаѓа до израз и дизајнот, кој доколку е потребно, може да се синхронизира со системот за сообраќајна сигнализација.

BMC (Brihanmumbai Municipal Corporation) на овој начин планира да обезбеди и други сообраќајни раскрсници во градот со повеќе од 12 милиони жители. Еден од следните чекори е и еколошки – инсталирање на соларни панели со што проектот ќе стане и само-одржлив.