Повеќе од 50 000 луѓе присуствуваа на рок концерт во Окленд, Нов Зеланд, каде што граѓаните беа ослободени од правилата за физичко дистанцирање, откако државата со строги ограничувања го победи ковид-19.
Бендот „Сикс60“ свирел пред голема публика низ целата земја, а синоќешниот концерт беше финалето на турнејата и се одржа на најголемиот стадион во Окленд и се смета за најголем во светот од почетокот на пандемијата.
– Што има, Нов Зеланд? Конечно сме тука. Тешко ми е да го опишам ова чувство. Сите имаме трема како да не сме настапувале никогаш – се обратил на насобраните фронтменот на групата Метју Волтерс, воодушевен од можноста повторно да настапува пред публика.
WORLD’S BIGGEST LIVE ACT? In New Zealand, where social distancing isn’t needed, the band @Six60 have been playing to huge crowds on tour and are preparing to perform the first ever show at All Blacks’ stadium, Eden Park. pic.twitter.com/dkiXVwNcVZ
— AP Entertainment (@APEntertainment) April 23, 2021
На концертот, им била оддадена почест на војниците-музичари, а биле поканети и изведувачите на народот Маори да му се приклучат на бендот на сцената, објави „Њујорк пост“.
Само 26 лица починаа од последиците на ковид-19 во Нов Зеланд, кој има околу пет милиони жители. Во моментот, активни се само 33 случаи на ковид-19.
Употребата на маски е задолжителна само во јавниот превоз и во авионите, а мерката за одржување на физичка дистанца не е на сила.