Успеавме да не дозволиме Европскиот парламент да биде искористен за внатрешнополитичка пропаганда на Мицкоски. Премиерот на Северна Македонија очигледно не се грижи за позитивниот развој на неговата земја, туку води битка со инсинуации кои се бесплодни. Бугарија е силна држава, Бугарија е фактор и во Европската Унија, и во регионот кој РС Македонија мора да го има предвид – ние сме земја-членка на ЕУ, а РСМ засега е само кандидат.
Ова го изјави министерот за надворешни работи Георг Георгиев по повод извештајот на Европскиот парламент, од кој беа избришани „македонскиот јазик и идентитет“, како и обвинувањето од страна на Христијан Мицкоски дека Бугарија сака да ја уништи македонската нација.
Ние ја поддржуваме, сме ја поддржувале и ќе ја поддржуваме РСМ на нејзиниот пат кон евроинтеграциите, додаде Георгиев. Во изјава за БТВ тој потсети дека спорот за историјата е оставен на историчарите уште при потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство.
И темите поврзани со јазикот и идентитетот треба да ѝ припаѓаат на научната заедница. Имаме заедничка историја и тоа не треба да биде узурпирано од никого, изјави министерот за надворешни работи.
Мицкоски веројатно спроведува кризен ПР за да се оправда пред своите граѓани, затоа што ги излажал. Верувам дека граѓаните на РСМ, кои го заслужуваат своето членство во ЕУ и заслужуваат лидери кои можат да ги водат кон тоа, можат да направат разлика меѓу она што е вистинско на патот кон европска интеграција и она што ги оддалечува од неа, додаде Георгиев.