Точно на денешен ден, Горан Пандев во 2001 година дебитираше за националниот дрес. Во Трабзон, против Турција во конечен резултат 3:3, почна неговата бајка, но и нашата, наречена Горан Пандев. Од тогаш, па до денеска националниот дрес е незамислив без него. Кога Пандев го нема, тогаш тимот не е комплетен. По 20 години од првиот настап за Македонија, токму во таа година, ќе игра на ЕП. Неговиот голем сон, споделен со сите македонски навивачи.
Фудбалски виртуоз и миленик на многу генерации. Гранде Пандев.
