За време на новогодишната ноќ, во Франција беше организирана масовна илегална рејв забава на која присуствуваа илјадници луѓе.
Забавата беше организирана во празен магацин во мал град јужно од Рајна во провинцијата Бретања на северозападот на Франција, а на неа учествуваа околу 2.500 луѓе.
Les images de la rave-party géante toujours en cours à Lieuron en Bretagne pic.twitter.com/zsJCh7eWDl
— BFMTV (@BFMTV) January 1, 2021
Толпата се судри со полицијата кога органите на прогонот се обидоа да ги растераат, но безуспешно, предизвикувајќи загриженост дека настанот може да придонесе за ширење на коронавирусот.
VIDEO. Les teufeurs sont toujours sur place à #Lieuron en #IlleetVilaine pour la rave commencée le soir du nouvel an #Bretagne pic.twitter.com/Dh4Lf3cqij
— France Bleu Armorique (@bleuarmorique) January 1, 2021
Според Гардијан, посетителите влегле во судир со полицијата, која се обидела да ја прекине забавата, а многумина од нив биле на локацијата и денес, додека околу нив бил поставен санитарен кордон.
Локалната полиција се обиде да го спречи инцидентот, но се соочи со силен револт и отпор од учесниците, кои запалија еден од нивните автомобили и фрлија шишиња и камења, се вели во соопштението.
Lieuron, Ille-et-Vilaine, cette nuit. Ue fête clandestine rassemble près de 2000 personnes, un véhicule de gendarmerie est incendié. Pendant ce temps sur Snapchat… pic.twitter.com/CeREk9laH3
— Benjamin Fontaine (@BenjFontaine) January 1, 2021
Исто така, меѓу учесниците имаше и луѓе кои доаѓаа од различни делови на Франција, па дури и од странство.
Ваквите масовни собири се забранети во Франција, каде во моментов е во сила полицискиот час од осум часот навечер, а оваа мерка не е ублажена ниту за Нова година.
Обвинителството започна истрага за незаконско организирање настани и насилство врз полицајци.