Ќерката на актерот Дејвид Хаселхоф, најпознат по улогата на Мич во „Чувари на плажата“, влезе во историјата како првиот „плус – сајз“ модел на насловната страница на магазинот „Плејбој“.
28-годишната Хејли на својот инстаграм – профил ја сподели насловната страница на германското издание на популарниот магазин и откри колку е почестена што позира за „Плејбој“ како прв „плус – сајз“ модел.
„Мојот однос со моето тело отсекогаш произлегуваше од мојот однос со мојата ментална свест. Бидејќи мај е месец на свесност за менталното здравје, се надевам дека ќе ги инспирирам жените да се соочат со стравот од непознатото и да водат живот во кој нивните тела не ги дефинираат“, напиша Хејли, меѓу другото, под објавата.
„Татко ми ме поддржува во сите одлуки што ги донесувам во мојата кариера. Мајка ми и тато секогаш ме поддржуваа во сè што правев“, изјавила Хејли.