Неказнетиот говор на омраза има последици! Неказнетите напади врз бугарски здруженија имаат последици! Денеска беше извршен напад врз Амбасадата на Бугарија во Скопје. Со овие редови почнува реакцијата од бугарската амбасада во Скопје, по денешниот напад извршен врз зградата на дипломатското претставништво на Бугарија, јавува Трибуна.

„Недостатокот на казни продолжува да ги охрабрува извршителите. Поттикнуваната омраза и постојаните лаги продолжуваат да ги охрабруваат извршителите. Надлежните институции на државата домаќин се известени“, се вели во реакцијата на бугарската амбасада во Скопје, објавена на официјалната страна на Facebook на дипломатското претставништво на Бугарија.