Министерот за здравство Венко Филипче вели дека според епидемиолошката анкета, повеќе од половина нови пациенти, хоспитализирани во тетовската болница, биле на свадби или прослави. Како што вели тој, поради тоа е побарано забрана на организирање на било какви прослави во затворен простор. Воедно додава дека било која вакцина за 20 отсто повеќе штити од смрт при зараза од Делта Сојот, отколку да нема никаква вакцина. Според него, имунизацијата е единствениот спас во борбата против коронавирусот.