Објавено е видео од необична трка на патеката покриена со снег помеѓу Fiat Pandа и Ferrari SF90…
Во веќе далечната 1983 година, Panda 4×4 пристигна од погоните на Fiat како еден од првите мали сериски автомобили со попречен мотор и погон на сите тркала.
Станува збор за мотор со работен волумен од 965 кубни сантиметри, кој развива 48 КС, што значи дека малиот италијански автомобил не е многу брз. Сепак, тој е совршен за рурални патишта и „нежен“ кон паричникот на сопственикот.
Panda неодамна имаше голем предизвик кога се натпреваруваше со Ferrari SF90 Stradale на патека покриена со снег.
Автомобилот на Fiat е многу полесен, но моделот од Маранело (Maranello) развива моч од речиси 1.000 КС и има електричен мотор што е дополнителна предност.
Ова не е првпат Panda да учествува во дуел во стилот на „Давид и Голијат“, бидејќи веќе се натпреварувала со Porsche Taycan и тоа кон крајот на минатата година.
Единствената заедничка карактеристика е што двата автомобили имаа погон на сите тркала.
Иако се појавува на пазарот околу 40 години, Panda е само во третата генерација.
Fiat најави целосно нов модел во 2019 година со концептот Centoventi, а премиерата на серискиот модел се очекува следната година.
Во понуда ќе има и целосно електрична верзија, а деталите за новиот погон 4х4 засега се мистерија./АвтоКлуб