Австриецот толку гневно реагираше на постигнатиот гол, што дури капитенот Давид Алаба со сета сила се обидуваше да го запре за да не добие сериозна санкција од Дисциплинската комисија на УЕФА.
Арнаутовиќ се најде во центарот на вниманието откако во вчерашната победа против Македонија вербално го навреди Џани Алиоски. Арнаутовиќ веднаш беше обвинет за расистички навреди кон нашиот репрезентативец, а некои организации побараа од УЕФА да му забрани понатамошен настап на првенството.
На неговиот профил на Инстаграм се извини за инцидентот и на македонски и на албански јазик и напиша дека не бил расист.
Фудбалската федерација на Мaкeдонија денеска најостро го осуди националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на вчерашниот натпревар со Македонија упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.
-Истовремено ве информираме дека поднесовме официјален допис до УЕФА во кој бараме најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ. Како “Куќа на фудбалот” секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме. Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат, порачаа од ФФМ.