ФБИ објави дека спречи потенцијален терористички напад во Северна Каролина во пресрет на Нова Година. Според агенцијата, осомничениот бил директно инспириран од постапките на ИСИС, пишува „ABC News“.

„Лицето било директно инспирирано да дејствува од ИСИС“, соопшти ФБИ во објава на социјалната мрежа Икс.

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, исто така, се огласи на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на партнерите за нивната соработка.

„Им благодариме на нашите одлични партнери што работеа со нас и несомнено спасија животи“, напиша Пател.

Текстот (Видео) ФБИ: Спречивме потенцијален терористички напад на Нова Година е превземен од МАКФАКС.