Доцна синоќа во НБА лигата еден фантастичен натпревар одиграа екипите на Портланд и Хјустон, со фантастични перформанси на Си-Џеј Мекалум и Џејмс Харден.

Трејлблејзерси славеа после едно продолжение и голема борба со конечен резултат 128:126, после регуларниот дел беше 113:113.

Ова беше прв меч за Харден и екипата, а тој го заврши со 44 поени, 17 асистенции и четири скока.

Изгледаше дека тоа ќе биде доволно, но идентичен учинок имаше и Мекалум, со осум асистенции и три скока. А токму играчот на Портланд му донесе триумф на својот клуб, со тројка на седум секунди до крајот на средбата.

Одлични беа и Лилард (32 поени, девет асистенции), како и Вуд во дресот на „ракетите“ со 31 поен, 13 скока.

НБА, резултати –

Мемфис-Атланта 112:122
Шарлот-Оклахома 107:109
Детроит-Кливленд 119:128 (по 2 продолженија)
Вашингтон-Орландо 120:130
Њујорк-Филаделфија 89:109
Чикаго-Индијана 106:125
Сан Антонио-Торонто 119:114
Јута-Минесота 111:116
Портланд-Хјустон 128:16 (по 1 продолжение)
Сакраменто-Феникс 106:103

Харден казнет со 50.000 долари поради кршење на протоколите!