Францускиот претседател Емануел Макрон предизвика внимание на Светскиот економски форум во Давос, каде што се појави со пилотски очила за сонце.

На социјалните мрежи веднаш се отворија дискусии зошто ги носи очилата додека држи говор пред присутните, а некои коментатори забележаа дека не ги тргнал ни за време на фотографирањето со други политичари.

Причината не била модна, туку здравствена. Неколку дена претходно, за време на новогодишно обраќање пред припадници на француската војска, неговото десно око беше видно црвено и отечено. Тогаш Макрон се извини за „непријатниот изглед“ на окото.

Со доза хумор, тој го спореди изгледот со песната „Eye of the Tiger“, алудирајќи на борбениот дух. Но и покрај објаснувањата, појавата со очилата во Давос предизвикала бројни шпекулации.

Во говорот, Макрон предупреди дека светот влегува во ера на длабока нестабилност и опасност од „свет без правила“, каде меѓународното право сè почесто се крши, а надвладува логиката на посилниот. Како посебен извор на загриженост ја посочи агресивната надворешна политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Текстот (Видео) „Eye of the Tiger“ во Давос: Зашто Макрон не ги тргна очилата додека држеше говор и се фотографираше со политичари е превземен од МАКФАКС.