Силекс води со 2:0 по само 25 минути игра против Вардар. Стрелец на првиот гол во третата минута беше Ристов кој погоди на фантастичен начин од слободен удар. На 2:0 зголеми Карчевски во 15-та минута. Вардар и на овој меч е на чекор до нов пораз, а со ова најтрофејниот клуб продолжува да тоне. Доколку не освои бодови денеска ќе се најде на 11-то место на табелата што во овој момент носи испаѓање во Втората лига. Во овој момент послаб учинок од Вардар има само екипата на Беласица.

ПМФЛ 26.коло

Недела:

Академија Пандев – Шкупи 0:0

Беласица – Македнија ЃП

Борец – Струга Трим Љум

Ренова – Шкендија

Силекс – Вардар

Сабота:

Работнички – Пелистер 3:1