Пожарот брзо се шири, а голем број куќи се уништени. Огнената стихија им се заканува и на предградијата на Атина.
Advertisements
Грција нареди нова евакуација на населението во северниот дел на островот, опкружен со оган. Грчките медиуми пренесуваат дека се повредени тројца пожарникари.
Ситуацијата е особено опасна во областа Дримонас, каде група монаси не сакаат да го напуштат манастирот Свети Давид, иако местото е опкружено со пожар.
“Ситуацијата е многу тешка. Пламените јазици се високи 30 до 40 метри во боровата шума, пожарот го опколи манастирот. Се гушиме од чадот, ова е кошмар”, рекол старешина на манастирот за државната новинска агенција АНА-МПА .