Кеса со десетина спакувани лепчиња е оставена на дотраениот бетонски влез пред кујната во Клиничкиот центар. До неа е паркиран валкан пикап, во кој, еден од вработените внесува пластични гајби, го треска лебот до нив, и со полураспаднатото возило тргнува да го разнесува ручекот по скопските клиники, пишува Призма.

Секој ден во кујната што работи во кругот на Клинички се приготвуваат повеќе од три илјади оброци за пациентите што лежат на клиниките и за дежурниот персонал.

Голем дел од нив, како што им се носат на пациентите, се враќаат назад. Затоа што храната, за која дневно се трошат по најмалку 5 илјади евра, или годишно околу 2 милиони евра, е скудна, невкусна и под сите стандарди за пристоен болнички оброк.

Целиот текст на Призма