Триесет ипет годишна скопјанка беше спасена денеска во специјална полициска акција во која учествуваше и противпожарната бригада. Таа стоеше на работ од балкон на петтиот кат во зграда на улицата Илинденска денеска околу пладне. Спасувањето траеше повеќе од четири часа. Самата акција е вознемирувачка, напната. Во видеото на телевизија Сител се гледа како течеше самата операција.