За два часа почнува мечот Македонија-Украина, втор од групната фаза на дебитансткото ЕП за нашата репрезентација. По поразот од Австрија од 3:1 во првото коло, сите се надеваме на позитивен исход на денешниот меч. Полека, но сигурно се загрева атмосферата, македонските навивачи, но и оние украинските, се веќе пред стадионот и со нетрпение го очекуваат почетокот на мечот.
