Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај Загреб со 26:23 во СЕХА лигата. Иако во поголемиот дел беа подобар противник, сепак на крајот кога беше најпотребно потклекнаа, а сето тоа го искористи хрватскиот тим. 40-тина минути битолчани го контролираа резултатот, но на крајот за жал загубија.

Најефикасен во тимот на Загреб беше Сењамин Буриќ со пет погодоци, а по четири реализираа Лука Мраковчиќ и Филип Вирстороп. Кај битолчани најпрецизен беше Јосип Периќ со седум голови.

loading…