Режисерката Кристина Шварценегер, најмладата ќерка на актерот и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, зборуваше за својата борба со хиперактивноста што ја имала како дете.

Имено, на Кристина како дете и било дијагностицирано нарушување, поради што започнала да пие апчиња наречени „Adderall“.

Немала проблеми со нив, згора на тоа, тие и помагале сè додека не го продолжила своето образование на колеџ.

Како што младата режисерка изјавила, нејзината зависност започнала поради стресот што морала да биде успешна на истиот колеџ на кој била и нејзината нејзината мајка Марија Шривер, за да не ја разочара.

Кристина вели дека веќе ја нема таа зависност, но затоа сака да ја подигне свеста за фактот дека оваа таблета може да ја предизвика.

Шанса да го стори тоа и ја овозможил „Нетфликс“, за кој таа продуцирала документарен филм со нејзината мајка Марија во 2018 година за потенцијалните опасности од „Adderall“, што лекарите во Америка се чини дека им го препорачуваат скоро секој ден на децата со дијагностицирано нарушување на хиперактивност и дефицит на внимание.