Вечерва Елче ја прекина серијата од пет победи во низа на Реал Мадрид во шампионатот играјќи 1:1 на домашен терен во рамките од 16. коло во шпанската „Ла Лига“.
Реал доминираше во првото полувреме после кое имаше гол предност. А пред водството најблиску до погодок беше Марсело кој во 13 минута ја затресе пречката.
Седум минути подоцна домаќините немаа доволно среќа. Асенсио испрати силен удар, голманот успеа да одбрани, но топката од пречката се одби правото на главата на Модриќ за 0:1.
До паузата малку недостасуваше главниот судија да направи голема грешка, тој покажа на белата точка поради наводно играње со рака, но одлучи да провери преку ВАР снимка после која ја промени одлуката со заклучок дека топката удрила во коленото на фудбалерот на Елче.
На стартот од вториот дел следуваше шок за гостите, Карвахал изнуди пенал, а прецизен од 11 метри беше Фидел. Домаќините можеа да дојдат до целосен пресврт, но Лукас Боје немаше среќа откако во 63 минута шутираше за малку покрај голот на Куртоа.
ВИДЕО: Луис Суарез ја сака титулата, „Ел Пистолеро“ е херојот на Атлетико!
Мадридскиот гигант можеше во самиот финиш да ги освои бодовите, во 89 минута после центаршутот на Модриќ, Бензема не успеа да ја затресе противничката мрежа.
На табелата играчите на тренерот Зинедин Зидан се на втората позиција во првенството со 33 бодови, два помалку од водечкиот Атлетико Мадрид. За Елче ова е важно реми во битката за опстанок и за моментно 15 место со 16 бодови.