Четири лица се тешко повредени во утринската експлозија и пожар во станбена зграда во шведскиот град Гетеборг, а полицијата сѐ уште ги истражува причините за настанот во кој најмалку 25 лица завршија во болница.
„Веруваме дека експлодираше нешто“, рече портпаролот на полицијата Томас Фуксборг на прес -конференција, додавајќи дека нешто „веројатно“ е поставено на местото на експлозијата.
Итните служби објавија дека работат на гаснење на пожарот во станбената зграда, и ја отфрлија можноста за истекување на гас.
Шведска во последните години се бори со сѐ поголем број криминални банди, а ривалските групи често користат експлозив и огнено оружје за „расчистување на сметките“. Еден извештај оваа година покажа дека во последните две децении, Шведска, од една од земјите со најниска стапка на насилство во Европа, стана една од земјите со највисока стапка на насилство.