Според светските медиуми, сведоците изјавиле дека виделе чад, а германската агенција за цивилна заштита прогласила тревога за „екстремна опасност“.
Според порталот „Билд“ дошло до експлозија во областа за одлагање на отпадот. Ова го објави компанијата „Курента“, која е оператор на хемискиот парк „Хемарк“. Голем црн облак чад се надвисна над градот по експлозијата, јави германската агенција ДПА.
#BREAKING: Emergency services responding to large explosion at chemical plant in Leverkusen, Germanypic.twitter.com/4cILPlciQ8
— I.E.N. (@BreakingIEN) July 27, 2021
Се претпоставува дека станува збор за магацин со токсични материи. Засега нема извештаи за можни жртви, како и за материјална штета.
Германските медиуми наведуваат дека е испратен апел до граѓаните да ги држат прозорците и вратите затворени, а на локалното население им било кажано веднаш да влезат во затворен простор ако се затекнале надвор.