Според светските медиуми, сведоците изјавиле дека виделе чад, а германската агенција за цивилна заштита прогласила тревога за „екстремна опасност“.

Според порталот „Билд“ дошло до експлозија во областа за одлагање на отпадот. Ова го објави компанијата „Курента“, која е оператор на хемискиот парк „Хемарк“. Голем црн облак чад се надвисна над градот по експлозијата, јави германската агенција ДПА.

Се претпоставува дека станува збор за магацин со токсични материи. Засега нема извештаи за можни жртви, како и за материјална штета.

Германските медиуми наведуваат дека е испратен апел до граѓаните да ги држат прозорците и вратите затворени, а на локалното население им било кажано веднаш да влезат во затворен простор ако се  затекнале надвор.