Единаесет лица се повредени во експлозија во најпознатата улица и пешачка авенија во Истанбул, Истиклал.

Како што пренесуваат турските медиуми, на местото на настанот има амбулантни и противпожарни возила, како и полиција.

Продавниците се затворени, а причината за експлозијата не е позната.