Австралиската актерка Марго Роби покажа нешто сосема поинакво по улогата на Барби во истоимениот филм. Прекрасната русокоса сега го игра ликот на Кетрин Ерншо во филмот „Wuthering Heights“, а на премиерата во Лос Анџелес буквално ги остави сите без здив.
Margot Robbie arrives to the “Wuthering Heights” premiere in LA. pic.twitter.com/yh6QutL3Wi
— Variety (@Variety) January 29, 2026
Марго Роби позираше во нереален фустан направен од проѕирен, тесен корсет со чипка, кој продолжува во драматично здолниште во црна и црвена боја. Моделот го потпиша модната куќа „Schiaparelli“.
Сепак, вистинскиот спектакл го создаде дијамантскиот ѓердан „Таџ Махал“, кој ѝ припаѓаше на Елизабет Тејлор и чија вредност се проценува на околу осум милиони долари.
Роби носеше светкав привезок во облик на срце високо на вратот, додека златен ланец се спушташе по грбот.
Елизабет Тејлор го доби овој познат ѓердан како подарок од својот петти сопруг, Ричард Бартон, пред 54 години, по повод нејзиниот 40-ти роденден, а денес е едно од најпрепознатливите парчиња од легендарната колекција накит на познатата холивудска ѕвезда.
Заедно со неа, на црвениот тепих беше и Џејкоб Елорди, колега од филмот, кој исто така блескаше на свој начин. За свечената премиера, тој избра импресивно црно одело.
Текстот (Видео) Едно излегување – милион воздишки: Сè гори поради фустанот на Марго Роби е превземен од МАКФАКС.























