Едно е сигурно, покрај една друга работа што во животот треба да се случи, а тоа е дека нема да има зголемување на платите на функционерите, одговори на новинарско прашање, премиерот Христијан Мицкоски.

„Како, најверојатно ќе биде со корекција на коефициентот. Тоа е сигурно, нема да има зголемување. Едно е сигурно, покрај тоа дека еден ден ќе заминеме сите од овој свет, е дека од догодина нема да има зголемување на платите на функционерите“, кажа Мицкоски.