Поради ситуацијата со ковид-19 финансиската криза ја чувствуваат и многу спортски клубови..Погодени се бројни фудбалски екипи, а помеѓу нив и оние кои настапуваат во Турција.
Кризата силно го погоди и Ескишехирспор, а играчите на оваа екипа се свесни дека моментно финансиите се многу важни.
Воглавно после натпреварите во поголем дел од нив гледаме како играчите си ги разменуваат дресовите, но тоа не беше така и на мечот од Купот на Турција помеѓу Ризеспор и Ескишехирспор кој го доби домаќинот со 3:0.
Членот на Ескишехирспор одби да го размени дресот со противникот, односно не смее тоа да го направи (како и сите други негови тимски колеги), бидејќи неговиот клуб се наоѓа во тешка финансиска ситуација.