По повод „Светскиот ден за борба против ракот“, две ученички од Американскиот колеџ во Софија организираа маратон во Борисовата градина во бугарскиот главен град, пренесува Трибуна.

Мила и Богдана Брешкови вчера го организираа настанот со апел до генерацијата Z таа да покаже дека и младите се полноправни граѓани на општеството и да покажат емпатија кон луѓето кои се борат со подмолната болест.

„Родителите ни помогнаа неверојатно и ние сме им многу благодарни, нашите соученици беа одлични и неверојатно помогнаа во ширењето и сите навистина покажаа дека се сочувствителни кон нашата идеја и кон луѓето кои се борат со оваа болест. Откривме дека помладата генерација е исполнета со благодарност за силниот дух на сите оние кои се борат“, споделија двете девојки пред Actualno.com.

Учесниците на маратонот поминаа 5 километри низ алеите на Борисовата градина, а самиот маратон започна пред националниот стадион „Васил Левски“.