ПСЖ го совлада Монако со 2-0 во финалето на Купот на Франција и стигна до 14-от трофеј во историјата на ова натпреварување.
Парижаните беа подобри од Монако и на крајот заслужено дојдоа до нов трофеј, кој знаеја добро да го прослават.
За време на прославата најголемо внимание привлекоа Пресенел Кимпембе и Тимоте Пембеле, кои решија да го прослават овој трофеј на свој начин.
Кимпембе го фати својот соиграч за нозете и потоа го влече преку теренот кое беше покриено со украсни хартии користени за време на прославата.
— Out of context PSG (@OutPsg) May 20, 2021
Нивната необична прослава привлече големо внимание и навивачите на овој клуб се воодушевени.
ПСЖ ќе има шанса за нова прослава веќе во недела во Лига 1, но за нова титула ќе им треба кикс на лидерот Лил.
Парижаните мораат да победат на гостувањето кај Брест и да ги чекаат вестите од Анже, каде Лил го игра својот натпревар.
На табелата во Лига 1, Лил е лидер со 80 бода, ПСЖ има 79 бода, а Монако 77.