За прв пат во историјата, Англија ќе игра во финалето на ЕУРО откако ја победи Данска по продолженијата.
Англичаните беа подобар ривал на Вембли и на крајот заслужено поминаа, но начинот на кој го сторија тоа навистина остава голема дамка.
Во 103. минута беше досуден срамен пенал за Англија откако Стерлинг падна во казнениот простор. Впечаток е дека напаѓачот на Манчестер Сити падна премногу лесно, а главниот судија Макели не размислуваше премногу и покажа на белата точка.
Инаку, на самиот пенал претходеше нов скандал, бидејќи за време на акцијата имаше две топки на теренот, па според правилата на фудбалот, натпреварот требаше да биде прекинат.
Сепак, дури осумте судии кои беа регистрирани на натпреварот не успеаја да ги забележат или не сакаа да ги забележат. Погледнете ја ситуацијата.
На главниот судија Макели му помагаа сонародниците Стигстра и де Врис, ван Бокл, Блом, Гителман и Гил кои беа во ВАР просторијата, додека четврти судија покрај аут-линијата беше Хатеган.
Англија ќе игра против Италија во финалето на Вембли на 11 јули од 21 часот по средноевропско време.
This is the ITV News coverage of England penalty. Is that a second ball on the pitch near to where Sterling runs before going down for penalty – if so game should have been stopped. pic.twitter.com/3fPuIA6Doy
— John Barnes (@JohnBarnes01) July 7, 2021