ПСЖ синоќа на домашен терен го победи Лион со 2:1 во дербито на шестото коло од Лига 1.

Парижаните успеаја да дојдат до трите бода иако Лион поведе во 54. минута кога Пакета постигна гол по одличната асистенција на Екамбија.

Но, само десет минути подоцна, домашниот тим израмни. Нејмар доби пенал, а истиот играч беше сигурен од белата точка за 1:1.

Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 92. минута. Мбапе направи одличен центаршут од левата страна, а највисок во петтерецот на Лион беше резервистот Икарди, кој погоди со глава за 2:1 и победата на Париз.

Сепак, деталот што го одбележа овој натпревар се случи во 76. минута кога Покетино одлучи да го извади Меси од игра.

Наместо Меси влезе Хакими, но Аргентинецот не можеше да скрие дека е крајно лут и разочаран што Покетино одлучи да го извади од игра.

Меси одби да се ракува со својот тренер на патот кон клупата, а колку изненадувачки беше таа промена, покажаа и реакциите на играчите на ПСЖ кои беа на клупата бидејќи не можеа да поверуваат дека и Меси е надвор од игра.