Директорот на Дирекцијата за Управување на одземен имот, Дритон Небиу, деновиве додели пакетчиња со школски прибор за децата од општините, Могила и Струмица.
При посетата, самиот Небиу им се придружи на вработените во доделување на пакетите, а од страна на учениците беа пречекани со песни и игри. Активностите поминаа во весела и убава атмосфера.
Небиу пред учениците и наставниците изјави дека од преземањето на функцијата, се заложил целиот конфискуван имот и предмети да го распредели на оние кои имаат потреба и им служат. Тој истакна дека досега тоа се уништуваше и расипуваше а тој е одлучен целиот материјал да се користи со што освен ослободување на просторот на магацините придобиваат и граѓаните и институциите кои можат да ги користат одземените предмети.