Голем е пожарот кој со денови беснее во ловиштето Јасен, а надлежните во повеќе наврати успеваат да го стават под контрола, по што повторно избувнува.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека попладнево огнот се заканил на објектите на ЈП Јасен но со брза, енергична и одлучна акција со повеќе возила кои претходно биле поставени во полукружна одбрана, огнот бил сопрен во близина на самите објекти. Состојбата ја опиша како драматична.

„Прилагодените пинцгауери и хермелини по којзнае кој пат се покажаа одлични, без нив целата оваа борба против огнената стихија ќе имаше друг тек“, рече Ангелов.

Упати голема благодарност до припадниците на специјалните единици на Армијата и Полицијата, Волци, Ренџери и ЕБР како и до пожарникарите од скопската бригада за противпожарна заштита и вработените во ЈП Јасен како и Национални Шуми. Благодарност упати и до Илија Бојаровски – задолжен за односи со јавноста,  за кој Ангелов рече дека се наголтал прашина и чад снимајки пеколни сцени, за пожтвуваната борба против пожарите кои беснееја низ државата./Макфакс

Текстот (Видео) Драматично кај Јасен: Спречена катастрофа кога огнот се проширил кон блиските објекти е превземен од МАКФАКС.