Патнички авион на „Ербас“ е приземјен откако беше тешко оштетен во удар од птица при полетување од шпански аеродром, објавува „Дејли мејл“.

Летот IB579 на „Ибериа“, кој требаше да полета од Мадрид за Париз денес попладне, мораше да се врати на аеродромот Адолфо Суарез Мадрид-Барахас бидејќи удри во голема птица при полетување.

Фотографиите од аеродромот покажуваат дека носот на авионот е сериозно оштетен, а дел од материјалот на предниот дел целосно отпаднал.

Според подаатоците на „Флајтрадар“ авионот направил краток круг над Мадрид пред да слета, нешто повеќе од еден час по полетувањето.

Текстот (Видео) Драма во небото: птица го скрши носот на авион, принудно слета во Мадрид е превземен од МАКФАКС.