„Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто?
Денеска повторно автомобил излета од коловозот и заврши во двор на жител. Само по среќа немаше жртви. Но до кога ќе се потпираме на среќата? Утре тоа може да биде нечиј син, ќерка или родител згмечен на тротоар“, реагираат граѓаните преку социјалните мрежи на ѕидот на општината Кисела Вода по тешка сообраќајка на улицата.
„Години наназад алармираме на оваа улица се вози како на автопат! Нема лежечки полицајци, нема контрола. Се што некогаш беше поставено, одамна е уништено од нашите сонародници, во 3 часот ноќе со копач ги корнат и со камиони кочат на нив да ги одкорнат, а институциите молчат. Нивната незаинтересираност е директна закана за животите на жителите“, стои во објавата.
Доста е, како што вели во напишаното револтиран жител, со празни ветувања и молк.
„Бараме итни мерки, поставување на лежечки полицајци. Не утре, не, кога ќе има средства, туку сега пред да има мртви!
Ако општината и надлежните органи продолжат да си ги затвораат очите, секоја идна несреќа и секоја изгубена жртва ќе биде нивна одговорност нивно злосторство со премолчена дозвола!
Градоначалниче Орце Ѓорѓиевски, те повикуваме да реагираш!
Жителите на оваа улица очекуваат од тебе итно да се постават лежечки полицајци.
Време е безбедноста на граѓаните да биде на прво место пред да дојде до трагедија“, стои во напишаното на социјалните мрежи./Makфакс
Текстот (Видео) Драчево бара лежечки полицајци на „Јустинијан Први“: Не утре, туку сега, пред да има мртви е превземен од МАКФАКС.