Иако оваа година празничниот период е сосема поразличен од изминатите години, сепак многу луѓе не дозволија целата ситуација да влијае на нивната празнична еуфорија.

Иако не можеме да уживаме во поголемо друштво со пријатели и семејство, сепак можеме да си направиме пријатна атмосфера.

Многу од познатите личности на социјалните мрежни почнаа да споделуваат фотографии од своите украсени домови сакајќи да го доловат празничниот амбиент. Така и Лила Филиповска сподели дел од нејзиниот светкаво украсен дом кој изгледа како вистинска новогодишна бајка.

Нашето познато тв лице Лила Филиповска со своите обожаватели и пријатели на својот профил на Инстаграм сподели две видеа на кои се гледа празничната атмосфера во нејзиниот дом кој изгледа прекрасно.