Кошаркарите на Далас Маверикс го совладаа Сан Антонио Спарс со 122:117, а најзаслужен за победата во тексашкото дерби беше Лука Дончиќ.

Словенецот повторно блескаше на паркетот откако запиша 36 поени, девет скока и 11 асистенции (13/28 од поле).

На спротивната страна за Спарси први стрелци беа Демар Дерозан со 29 и Ламаркус Олдриџ со 26 поени.

Играчите на Денвер Нагетс беа подобри од Феникс Санс со 130:126 (114:114) со уште една фантастична партија на Никола Јокиќ.

Српскиот центар уфрли 31 поен, имаше 10 скока и осум асистенции и беше многу блиску до нов „трипл-дабл“.

За „сонцата“ најдобро се истакна Девин Букер со 31 поен, а четири помалку забележа Деандре Ејтон.

НБА, резултати –

Шарлот Хорнетс-Чикаго Булс 110:123
Детроит Пистонс-Хјустон Рокетс 102:103
Индијана Пејсерс-Орландо Меџик 120:118
Кливленд Кавалирс-Бруклин Нетс 125:113
Филаделфија Сиксерс-Бостон Селтикс 122:110
Торонто Репторс-Мајами Хит 101:81
Милвоки Бакс-Вашингтон Визардс (одложено)
Минесота Тимбервулвс-Атланта Хокс 98:116
Сан Антонио Спарс-Далас Маверикс 117:122
Лос Анџелес Клиперс-Оклахома Сити Тандер 120:106
Феникс Санс-Денвер Нагетс 126:130
Портланд Трејл Блејзерс-Мемфис Гризлис (одложено)
Сакраменто Кингс-Њујорк Никс 103:94

Источна конференција –
Табела:
1.Филаделфија Сиксерс 11-5
2.Милвоки Бакс 9-6
3.Индијана Пејсерс 9-6

Западна конференција –
Табела:
1.Лос Анџелес Лејкерс 12-4
2.Лос Анџелес Клиперс 12-4
3.Јута Џез 11-4