Јувентус го совлада актуелниот освојувач на ЛШ Челзи со 1:0 со голот на Киеза.

Првото полувреме од дуелот во Торино не донесе многу. Челзи ја контролираше играта, но освен обидот на Лукаку, кој Шчесни лесно го одбрани, во нападот речиси ништо не беше направено.

Јувентус имаше и еден посериозен обид преку Федерико Киеза, но неговиот удар исто така беше непрецизен, па на пауза се замина без голови.

Штом започна второто полувреме, Јувентус дојде во водство. Бернардески го проигра Киеза, а овој одлично се снајде и го совлада Менди за предност на „Старата дама“ од 1: 0.

Очекувано, Челзи почна да притиска. Гостите доминираа со поседот на топката, но Јувентус се бранеше брилијантно.

Домашниот тим чекаше шанса од контра, а една од нив за малку ќе завршеше во мрежата на Челзи. Бернардески се најде пред голот, но промаши цел гол од само неколку метри во 64. минута.

Дури во финишот Лукаку се најде во добра шанса, но Белгиецот не успеа да постигне гол. Се обиде и Хаверц, но безуспешно.

Остана 1: 0 до крајот за Јувентус, кој се наоѓа на врвот на табелата во групата Х со два бода по две кола. По три бода имаат Челзи и Зенит, додека Малме е без бодови.

Резултати ЛШ, 2 коло (среда)

Аталанта – Јанг Бојс 1:0

Зенит – Малме 4:0

Баерн Минхен – Динамо Киев 5:0

Бенфика – Барселона 3:0

Јувентус – Челзи 1:0

Манчестер Јунајтед – Виљареал 2:1

Салцбург – Лил 2:1

Волфсбург – Севиља 1:1