Животот и работата на некои луѓе, сами по себе се цела книга, филм, документарец… Ведрината со која зрачат, посветеноста со која работат, љубовта со која го живеат секој миг од животот, постојано привлекуваат внимание и никогаш не ти е доволно само еднаш да разговараш со нив.
Минатиот пат, разговорот со доктор Горан Трајковски, ви го презентиравме во пишана форма, но поради интересот, ваш и наш, побаравме од него да снимиме видео интервју. Се разбира, тој се согласи, уште повеќе, зборуваше за нешта од неговиот живот, за кои никогаш претходно јавно не проговорел.
Колку било „едноставно“ студирањето на медицина и какви реперкусии имало тоа по неговото здравје? Зошто толку многу „се фали“ со неговите мускули? Како е можно да има 24 часа на располагање како и секој од нас, а на инстаграм да изгледа како да има 72? Му годи ли ова темпо што го води или ќе „успори“ малку? За идните планови на личен и професионален план како цел кон која безусловно „гази“, кога ќе дојде во Македонија и што ќе направи за сите кои едвај го чекаат… и многу многу повеќе!
Проследете го разоговорот: