Во новата епизода на „Што го врти светот“се зборува за филм, особено за македонскиот филм. Гостинка е Дина Дума, македонска режисерка чиј дебитантски долгометражен филм – „Сестри“ стана првиот македонски филм на Нетфликс –
најгледаната стриминг платформа во светот.
Покрај работата на „Сестри“, Дина веќе неколку сезони е дел од режисерскиот тим на серијата „Преспав“. Во „Што го врти
светот“, таа зборува за иновациите во филмот, можностите македонски филмови да бидат презентирани пред светска публика и, зошто и покрај релативно ниските буџети,
нашите филмови прават огромни успеси.
Кога се сериите во прашање, Дина има искуство и со работа на серија во македонски услови, но и во дистрибуција на содржина на Нетфликс. Во денешната епизода ќе се
отвори и темата: Дали можеби еден ден ќе имаме наша серија на некоја од најгледаните платфроми во светот?
Во „Што го врти светот“се сврти муабет со Дина Дума за филм, технологија и финансирање. Гледајте и слушајте на:
Јутјуб: https://www.youtube.com/@stogovrtisvetot
Спотифај: https://open.spotify.com/show/3Fj8RnAkc0CTXR7VeaEVY