Велосипедист кој изминативе години е на тронот на друмскиот велосипедизам во Македонија. Освоено над 60 медали и пехари, од кои повеќето златни. Победник на ранг-листа во друмски велосипедизам во 2015 година, категорија до 13 години, го задржува местото и во 2016 година. 2017-та е победник на ранг-листа во друмски велосипедизам, категорија до 15 години, во 2018 исто така. Во 2019 е четврти на ранг-листата на друмски велосипедизам во категорија кадети и победник на ранг-листа во велокрос. А во 2020 година е втор на ранг-листа во друмски велосипедизам, повторно во категорија кадети и победник на ранг-листа во вело-крос. Сопственик на сите овие одличја е кичевчанецот Лука Димитријоски кој беше гостин во Утрински брифинг.

-Почнав пред 7 години, со мали трки. Полека полека со кратки тренинзи учествував на трки и на 10 години. Сега сум во категорија кадети до 18 години. Десетина медали ми се на меѓународно ниво. Во просек имам околу 4-5 тренинзи кои бараат физичка спремност. Работам со професионален тренер. тренирам и дома кога условите надвор не ми го дозволуваат тоа, вели за Утрински брифинг Димитријоски.

-Најголема амбиција ми е да возам на големите трки како Тур де Франс или Џиро ди Италија. Со многу тренинзи и желба за успех и ова е возможно, додава Димитријоски. Целиот разговор погледнете го во видеото