Младата девојка Габриела Роша од Бразил стана хит на социјалните мрежи откако неодамна сподели видео на кое пее на македонски јазик.
На почетокот на видеото кое Габриела го сподели на својот инстаграм-профил, таа се обрати на македонски јазик извинувајќи се за акцентските пропусти.
„Здраво, мило ми е. Јас сум Бразилка, можеш да ме викаш Габс. Денес ќе се обидам да исвирам и испеам песна на македонски. Извини на мојот акцент. Така, уживај“, вели талентираната девојка во своето видео.
Извонредно талентираната Бразилка ја испеа песната „Сакам да живеам“ од Нокаут. Габи по занимање е архитектонски дизајнер, а нејзино хоби е музиката и јазиците.