Во денешно време не е лесно да се пронајде вистинската личност, па една жена се одлучила на прилично необичен потег. Лиса Каталано (42) од Сан Франциско вложила илјадници долари во џамбо билборди и реклами на такси возила со пораката „Ожени ме“, а на нејзиниот повик се јавиле повеќе од 4.000 мажи, наведува „Kалифорнија пост“.

„Луѓето ќе бидат шокирани колку потрошив. Сигурно ќе објавам преглед на трошоците кога сè ќе заврши и кога ќе се верам“, рекла Каталано.

Илјадници долари за реклами низ градот

Како што вели, најголемиот дел од парите отишле за џамбо билборди покрај автопатот 101 меѓу Санта Клара и Јужен Сан Франциско. Бидејќи во самиот Сан Франциско нема такви билборди, таму се одлучила за дигитални екрани на такси возила, кои во еден момент биле околу дваесет. Со рекламите на такси возилата престанала на 1 јануари, а огласите се прикажувале во циклуси од околу триесет секунди.

@marrylisaofficial I’m trying to find a husband, and I’m doing it by renting billboard space on highway 101 in the #sanfrancisco Bay Area! #moderndating #lookingforlove #highway101 #siliconvalley ♬ original sound – Lisa

На почетокот кампањата опфаќала десетина локации за билборди, но околу октомври бројот се намалил на шест до осум. За Денот на вљубените, на два дена поставила 14 специјални билборди со порака за празникот.

Сопствена веб-страница и рачна обработка на пријавите

Освен рекламирањето, Лиса вложила и во домен и хостинг за интернет-страница што самата ја изработила, како и во промотивни материјали како визит-картички, флаери и беџови. Купила и печатач и ги покрила трошоците за хартија и мастило за самата да ги испечати и рачно да ги прегледа илјадниците пријави.

„Сè правев рачно, сама, без ничија помош“, рекла Лиса, која со години работела во технолошката индустрија, а денес работи како фриленсерка и се занимава со препродажба на винтиџ облека. Во заливската област околу Сан Франциско, каде трошоците за живот и рекламирање се многу високи, целиот потфат, како што вели, ја чинел илјадници долари.

Од 4.000 пријави до првите состаноци

Откако добила повеќе од 4.000 пријави, Лиса секоја ја прочитала и изборот го стеснила на 50 мажи, потоа на 20, па договорила пет први состаноци. Вели и дека секој кандидат со кој излегува мора да потпише договор за доверливост, за да се заштити и себе и неа.

Иако сè уште не е во ексклузивна врска, 42-годишната жена вели дека ужива во состаноците и запознавањето нови луѓе. Денот на вљубените го поминала со маж со кој се гледа околу еден месец.

Текстот (Видео) Девојка постави билборди дека бара сопруг – 4.000 мажи ѝ се јавиле е превземен од МАКФАКС.