Денеска во Тетово се одржува протест, со кој се бара од надлежните целосно расчистување на случајот со пожарот во модуларната болница во која загинаа 14 лица.
Демонстрантите протестот го почнаа од плоштадот, потоа се упатија до зградата на Општина Тетово, која беше погодена со јајца. Продолжија и пред седиштето на ДУИ во Мала Речица каде имаше полициски кордон, кои не дозволуваше да се приближат до објектот, но тие го пробија.
Демонстрантите фрлаа јајца кон канцелариите на ДУИ во Тетово и извикуваат „Али предавник, Али предавник
Најпрво на плоштадот беа засадени 14 дрвца, во чест на 14-те загинати од модуларната болница.
Демонстрантите побараа од германските експерти целосна анализа за да се утврди што го предизвикало пожарот на 8. септември во 21 часот.