Деми Ловато уште еднаш раскажа емотивна приказна за тоа што се случило ноќта на нејзиното предозирање – овој пат преку видеото „Dancing with the Devil“, кое денес беше промовирано на нејзиниот официјален „ЈуТјуб“ канал.
28 – годишната пејачка го најави и нејзиниот нов албум со промоцијата на овој спот.
Видеото започнува со известување за гледачите кое вели: „Ова видео покажува зависност, употреба на дрога, траума и сексуална злоупотреба, содржина што за некои ќе биде вознемирувачка“.
Во следната сцена, Деми е во болницата каде и се прави трансфузија на крв. Приказната потоа нè води во моментите, пред таа да се предозира, а потоа и до нејзината спална соба кога нејзиниот дилер на дрога сексуално ја злоставил, а потоа ја оставил во таа состојба сама, во бесознание да умре.
По таа сцена која е дел и од нејзиниот вистински живот, ја гледаме нејзината асистентка како влегува во собата, а потоа доаѓаат медицинските лица кои на Ловато и подаруваат уште еден живот.
Остатокот од видеото го следи нејзиниот пат кон закрепнување во болницата и завршува со откривање на нејзината тетоважа „Survivor“ на вратот.
Извори на „ТМЗ“ откриле дека за време на снимањето на спотот Деми ги изненадиле од екипата сите кога таа „започнала да ја пее песната, а потоа од премногу емоции започнала силно да плаче“.