Вистинска драма се случи денеска во чешкиот парламент кога дебата меѓу пратеници се претворило во тепачка.
Откако му беше исклучен микрофонот поради искажани навреди на независниот пратеник од листата на радикални националисти, Лубомит Волни почна тепачка со претседателот Томаш Ханзел од редовите на социјалдемократите.
Обезбедувањето потоа го избркало Волни од салата, а полицијата го истражува кршењето на мерките за заштита од коронавирусот, како и одбивањето на Лубомит Волни и неговиот колега Маријан Бојко да носат маски, што во Чешка се казнува со 300 евра.