Четири години беа доволни да се види вистинското лице на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром – некадарност, незаинтересиранист, нула исполнети ветувања, изјави Марко Даниловски, од СДСМ Аеродром.
Наместо локална власт што ќе работи за граѓаните, добивме, вели Даниловски, извршители на волјата на Мицкоски, според него и Муцунски и Митевски, ја претворија општината во продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ.
Даниловски оценува дека ниту едно од клучните ветувања не е исполнето.
„Наместо чесна и посветена локална власт, граѓаните добија празни зборови, неисполнети ветувања и политичка ароганција.
Време е за промена. Време е чесност и работа во интерес на граѓаните. Аеродром заслужува повеќе. Заслужува локална власт што ги знае потребите на граѓаните, што е меѓу нив, што слуша, што одговара и што не бега од одговорност.
Аеродром може и мора да биде модерен, зелен и функционален – но само ако се раководи од луѓе кои работат за граѓаните“, додава Даниловски./Макфакс
Текстот (Видео) Даниловски: Општина обрасната со треви, ѓубре, и Муцунски и Митевски, го претворија Аеродром во продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.